Играчот со 8 Про Боул селекции, Филип Риверс, одлучи да стави крај на својата НФЛ кариера.
Американецот беше четврти пик од првата рунда на драфтот во 2004, селектиран од Сан Диего Чарџерс.
Иако Чарџерс се префрлија од Сан Диего во Лос Анџелес во 2017, Риверс остана на истата позиција сè до 2019.
Во 2019, искусниот квотербек се пресели во Индијанаполис Колтс и во својата последна сезона го предводеше тимот од Индијана до првата рунда од плејофот.
Во текот на сите 17 сезони во НФЛ, Риверс комплетираше 5277 додавања од 8134 обиди (64,9%), доволни за 64440 јарди. Билансот на тачдауни и на пресечени додавања изнесува 421-209 со рејтинг од 95,2%.
Освен по бројните незаборавни партии, Риверс ќе остане запаметен и како единствениот активен играч со девет деца.
📸 Yahoo Finance
Во соработка со НФЛ Македонија



