
После серијата од осум победи, Трактор Чељабинск го запиша и првиот пораз, откако загуби со 1-6 од Салават Јулаев Уфа.
Гостите стекнаа предност од 0-4 после две третини игра со головите на Данил Башкиров, на Григори Панин, на Павел Коледов и на Сакари Манинен.
Веднаш потоа, голманското место на Роман Вил го зазеде Емил Гарипов, кој исто така прими два погодоци за дваесет минути преку Николај Кулемин и гореспоменатиот Манинен.
Од хокеарите на Трактор, единствен што го надмудри Јуха Метсола (96,55% одбрани) беше Теему Пулкинен.
На табелата на Источната конференција, Трактор и понатаму остана во водство, а Салават изби на третата позиција.



