
По вчерашната машка индивидуална трка на дваесет километри, следуваше денешното женско натпреварување на петнаесет километри во рамките на Светското првенство во биатлон во Оберхоф, Германија.
За разлика од претходното првенство во Покљука, овој пат светот доби нов шампион во оваа дисциплина во името на Швеѓанката Хана Оберг (43:36,1).
Позади неа, со стопроцентен стрелачки учинок, се пласираше нејзината сонародничка, Лин Персон (+10,3), а ,,сребрената” од СП 2019, Лиза Витоци (+28,0), се закити со бронза.
Одлична, на четвртата позиција, беше Италијанката Самуела Комола (+48,5), а пласманот во топ 5 го надополни Жулија Симон (+1:21,7).