
На вториот меѓусебен дуел во 2023, Карпат ја запиша и втората победа над ТПС Турку, совладувајќи го со минимални 0-1.
Стрелец на единствениот погодок на мечот беше Јулиус Јунтила во втората третина, кој се запиша во листата на стрелците по деветти пат сезонава.
На голот на гостите од Оулу стоеше Лееви Мерилаинен, кој со тринаесетте одбранети шутеви дојде до шестиот шут-аут во 2022/23.
На табелата, Карпат го зазема петтото, а ТПС остана на седмото место.