Во рамките на 34 коло Барселона ја продолжи битката за тронот со тимот на Реал Мадрид и успеа да ја врати негативата од -4 бода бидејќи каталонците на гостински терен го совладаа рутински тимот на Вилјареал.
Единствениот гол за домаќините го постигна Џерард Морено, додека триумфот на Барселона и го донесоа Торес со авгол, Суарез и Гризман во првиот дел, додека конечните 1:4 ги постави младиот Ансу Фати во 86 минута.
Момент за одбележување е голот на Антоан Гризман на истекот на првото полувреме кога од работ на шеснаесетникот ја поткопа топката и таа го лобува голманот Асенхо и со помош на пречката заврши во мрежата.
Асистент на овој гол беше Лионел Меси кој со пета го проигра соиграчот кој на спектакуларен начин ја смести топката во голот. Ова за Гризман е деветти гол во првенството.