Младиот напаѓач на Саутемптон Адамс натпреварот со Манчестер Сити на кој што постигна победнички погодок ќе го памети целиот свој живот. Наиме во текот на првиот дел во 16 минута на 40 метри од голот на Едерсон младиот Зинченко изгуби топка, која што Адамс ја претвори во спектакуларен гол лобувајќи го бразилскиот голман. Овој гол се покажа решавачки на натпреварот. За Адамс ова е прв овосезонски гол во првенството.