Родениот во Битола, Усни Исмаили, е пред најголемиот момент во досегашната кариера. 24-годишниот фудбалер, кој е поранешен играч на Пелистер и Караорман, за првпат доби повик во сениорската репрезентација на Албанија.
Исмаили, кој во моментов настапува за Динамо Сити, претходно беше дел од младинските селекции на Албанија, од У17 до У21, забележувајќи петнаесетина настапи.
Во македонскиот фудбал настапуваше за Пелистер, Воска и Караорман, а во Албанија го носеше и дресот на Вора, пред да се пресели во Динамо Сити.
Сега битолчанецот е пред можност да го направи своето деби за сениорската репрезентација на Албанија. Исмаили може да добие шанса на натпреварите против Финска или Белорусија во Лигата на нации.
Повикот во сениорскиот национален тим претставува големо признание за фудбалерот, кој од настапите во македонскиот фудбал стигна до репрезентативниот дрес на Албанија.




