Во рамките на 33 коло од англиската Премиер лига Ливерпул и Астон Вила одиграа досаден првенствен натпревар. Ливерпул откако ја обезбеди титулата игра незаинтересирано, а таков беше случајот и со овој меч.
Црвените од Енфилд стигнаа до рутински триумф од 2:0 со головите на Садио Мане во 71 минута и со деби погодокот во Премиер лигата на младиот Џонс во 89 минута.
Сепак моментот кој го одбележа натпреварот е кога бразилскиот напаѓач Фирмино заспа на трибини исчекувајќи да влезе во игра, Овој момент сите медиуми во Англија го прикажаа како централна вест.
