
Ричмонд Тигерс се вратија во игра за пласман во плејоф-зоната, откако во дваесеттото коло ги совладаа Бризбејн Лионс со (15.14) 104-97 (14.13).
Бризбејн важеше за голем фаворит во пресрет на овој дуел и ја оправдуваше оваа улога во првото полувреме, кога водеше и со максимални +42.
Сепак, ,,Тигрите” го добија вториот дел со вкупни 68-25 и стигнаа до значајни четири бода, кои ги ставија на деветтото место на три кола пред крајот.
Од друга страна, ,,Лавовите” паднаа на петтото место, а во случај на победа беа второпласирани.
Убедливо најефикасен играч на натпреварот беше Ноа Кумберланд (5.0) од редовите на победничкиот состав, кој со петте голови донесе триесет поени за својот состав.
Освен него, расположени во нападот беа уште: Том Линч (4.1), Шеј Болтон (2.5) и Џек Риволдт (2.1).
На спротивната страна, најголем резултатски придонес имаа Чарли Камерон (2.2), Џоу Данихер (3.0) и Ерик Хипвуд (4.3).