
Екипата на Форест Грин Роверс го оствари најголемиот успех во клупската историја, откако минатата сезона беше шампион на англиската Лиг 2.
Во првото коло од кампањата 2022/23, првиот вегански клуб во светот дојде и до првата историска победа во третата лига.
Имено, Форест Грин, со резултат од 2-1 славеше на гостувањето кај повратниците Бристол Роверс и запиша историски три бода во Лиг 1.
Првиот третолигашки гол на претставниците на Неилсворт беше дело на Џордан Тејлор-Мур (55′), но шеснаесет минути подоцна, Бристол Роверс израмнија преку Арон Колинс (71′).
Сепак, подобрата игра, гостите ја крунисаа со погодокот на Реган Хендри (89′), кој ја затресе мрежата на Џејмс Белшоу во самата завршница.
Со исклучок на Форест Грин, сезоната во Лиг 1 триумфално ја започнаа уште: Кембриџ Јунајтед, Плимут Аргајл, Дерби Каунти, Порт Вејл, Питерборо Јунајтед и Викомб Вондерерс.