Македонскиот интернационалец Никола Костески кој летово пристигна во вицешампионот на Чешка, силниот Талент Плзен вчера го одигра првиот контролен натпревар за новиот тим.
Десното крило Костески уште на првиот натпревар покажа одлична реализација за својот Плзен постигнувајќи 8 голови против Постдам (втората екипа на Фуксе Берлин) кој неговиот тим го загуби со 27:30.
За Постдам настапува и Василије Калуѓеровиќ поранешниот ракометар на Металург и актуелен репрезентативец на Црна Гора.