Створи големо богатство и не му е проблем, но за ова треба да се има и великодушност. Светскиот тенисер број 1 направи гест број 1 во својата земја и им обезбеди беслатни подготовки во својот тренинг центар на сите тенисери.
И не само тоа, туку и бесплатно смествување, храна и топчиња. Тоа е од голема корист особено за оние кои се рангирани подолу на АТП листата за кои зимно време е скапо изнајмувањето на терените. 15 тенисери веќе му се заблагодарија, меѓу кои Петар Поповиќ, тренерот на Дамир Џумхур.



