Шпанскиот тенисер Енрике Лопез Перез доби осумгодишна суспензија поради местење на натпревари.
Лопез Перез во текот на 2017 година наместил неколку натпревари, а тоа скапо ќе го чини, во наредните осум години не само што нема да може да игра тенис, туку не смее и да присуствува на мечеви.
Дополнително ќе треба да плати и парична глоба од 25.000 долари. Веројатно ова ќе значи и крај на неговата кариера бидејќи има 29 години. Најдобар пласман на шпанскиот тенисер беше 154. место на АТП листата.



