Втор викенд во низа, биатлонците од Светскиот куп ќе се натпреваруваат во германскиот Оберхоф.
По првите две машки штафети, во Контиолахти и во Хохфилцен, на денешната програма беше третата, а воедно и прва во 2021 година.
Симон Дестио, Квентин Фијо Маје, Фабиен Клод и Емилиен Жакелан (1:22:28,0) успеаја да триумфираат за Франција за првпат после СП на 22 февруари 2020.
На второто место, со херојското издание на браќата Јоханес Тингнес и Тарјеи Бо, Норвешка успеа да го освои второто место (+4,2). Имено, при втората промена, Јоханес Дале значително потфрли и го спушти својот тим дури и до средината на табелата. Како прв скијач на скандинавската земја беше Стурла Холм Лагреид.
Италијанците беа одлични и се искачија на подиумот за првпат после 7 декември 2019 во Остерсунд. Имено, Томас Бормолини, Лукас Хофер, Томазо Џакомел и Доминик Виндиш, денес, и’ го донесоа третото место на Италија (+1:06,6).
Како четврта селекција заврши Русија (+1:55,3), а најголем губитник од сите беше Германија, која мораше да се задоволи со петтото место (+2:06,4), иако беше прва во пресрет на последната измена.
📸 DON EMMERT/AFP via Getty Images



