Првата сензација се случи на Мундијалот во Египет. Јапонија и главниот фаворит за медал, репрезентацијата на Хрватска одиграа реми со резултат од 29:29, иако јапонците скоро цел натпревар беа во водство кога во последните моменти од седмерец со гол на Иван Чупиќ им донесе драгоцен бод на ,,Коцкестите”.



