
Натпреварувачкиот викенд во Антолц (Италија) од Светскиот куп во биатлон беше затворен со денешните штафетни трки.
Во женска конкуренција, за првпат после осум години на оваа локација, славеше Франција (1:07:21,3) во состав на: Лу Жанмоно, Ане Шевалие-Буше, Клои Шевалие и Жулија Симон.
Второто место на Шведска (+45,2) и’ го донесоа Лин Персон, Ана Магнусон, Хана Оберг и Елвира Оберг, додека Германија (+1:16,9), односно Ванеса Воигт, Софија Шнајдер, Јанина Хетих и Хана Кебингер, беше третопласирана.
Кај мажите, очекувано, Штурла Холм Лагреид, Тарјеи Бо, Јоханес Тингнес Бо и Ветле Сјастад Кристијансен (1:11:50,2) и’ донесоа прво место на Норвешка.
На второто место се пласираа Антонан Жигона, Фабиен Клод, Емилиен Жакелан и Квентин Фијо Маје за Франција (+59,0), а на најниското скалило на пиедесталот заврши Германија (+2:17,5), составена од: Давид Зобел, Јоханес Кин, Бенедикт Дол и Роман Реес.