
Легендарниот Кицбил (Австрија) беше домаќин на шестиот овосезонски слалом од Светскиот куп во алпско скијање во машка конкуренција.
Истиот заврши со шестата победа во кариерата на Даниел Јул (1:44,63), кој беше седми после првиот дел.
На второто место, со напредок од огромни тринаесет позиции, заврши Британецот Дејв Рајдинг (+0,40), а само една стотинка позади него беше Лукас Бротен (+0,41).
Исто така, за една стотинка, подиумот му избега на Линус Штрасер (+0,42), но сепак тој не беше најголем трагичар бидејќи локалниот скијач и лидер после првата серија, Мануел Фелер, поради грешка остана без пласман.
Во првите петмина се најде уште Хенрик Кристоферсен (+0,47), а заостаток под една секунда имаа Лоик Мејар (+0,53), Рамон Ценхојзерн (+0,58), Клеман Ноел (+0,71) и Адријан Пертл (+0,72).