
На денешната програма од Светскиот куп во биатлон, во Рухполдинг, Германија, беше одржана првата женска штафетна трка во 2022 година.
На неа, на злато се радуваа Французинките, односно Ане Шевалие-Буше, Клои Шевалие, Жистин Бреза-Буше и Жулија Симон, кои имаа четири промашаи и ја поминаа патеката од 4х5 километри за време од 1:10:50,0.
Со само две промашени мети, Јохана Скотхајм, Стина Нилсон, Мона Брорсон и Ана Магнусон и’ го донесоа второто место на Шведска (+35,1), за која не настапија сестрите Хана и Елвира Оберг.
Зад нив, на третото место, заврши селекцијата на Русија (+1:12,2), за која настапија Валерија Васнецова, Светлана Миронова, Ирина Казакевич и Кристина Резцова.
Пласманот во првите пет го комплетираа Германија (+1:26,6) и Белорусија (+1:27,7), а по нив следуваа Италија (+1:28,4) и Норвешка (+1:42,6).
Седмото место на Норвешка изгледа како големо разочарување на прв поглед, но, освен лидерката во вкупниот поредок, Марте Олсбу Роиселанд, не настапи ниедна стандардна скијачка од првата постава.




