
На денешната програма во Оберхоф, Германија, беа спринтовите во санкање, но со блага видоизменетост.
Имено, наместо само времето од санкањето, на конечниот резултат на натпреварувачите беше додадено и времето од стартот.
Со оглед на фактот дека ова е новитет, а денешните трки беа само тест, кобечните резултати не беа земени предвид во Светскиот куп.
Во машки дублови, победата ја однесоа Тони Егерт и Саша Бенекен (27,596) пред Томас Штој и Лоренц Колер (+0,098) и пред Мартинш Ботс и Робертс Плуме (+0,192).
Во поединечна машка конкуренција, подиумот го окупираа тројца Австријци, односно браќата Давид Глајршер (35,228), Нико Глајршер (+0,038) и Јонас Милер (+0,096).
Кај дамите, најбрза беше домашната санкачка, Јулија Таубитц (27,560), а со медал се закитија Маделеине Егле (+0,113) и Натали Гајзенбергер (+0,149).




