
Филаделфија 76ерс поведоа со 1-0 во осмина-финалната серија против Вашингтон Визардс, откако синоќа славеа со 125-118.
На мечот, двете екипи водеа во повеќе наврати, но ниту еднаш со разлика поголема од девет поени.
Од победничкиот состав, најефикасни со 37 и со 30 поени беа Тобијас Херис и Џоел Ембиид, а дабл-дабл забележа Бен Симонс (15 скокови и 15 асистенции).
Кај Вашингтон, дабл-дабл имаа Бредли Бил (33 поени и 10 скокови) и Расел Вестбрук (16 поени и 15 асистенции).
Нивниот втор меѓусебен дуел е закажан за вечерта помеѓу 26 и 27 мај, со почеток од 01.00 часот после полноќ.



