Екипата на Бостон Бруинс е првата од НХЛ што избори четврт-финале во овогодинешниот плејоф.
Имено, Бруинс во осмина-финалната серија славеа со вкупни 4-1 против Вашингтон Капиталс, а синоќа го добија последниот дуел со 1-3.
Во втората третина, Давид Пастрнак и Патрис Бержерон по двапати ја затресоа мрежата на Илја Самсонов за водство од 0-2 во корист на Бостон.
Само 11 секунди по стартот на третиот период, Конор Шири намали на 1-2, а Бержерон, со вториот гол на мечот, го постави конечниот резултат.