Јохан Ничевски од Охрид со само седум години денес учествуваше на “Tрка на Поезијата” Струга во трката на 5 километри рамо до рамо со сите повозрасни натпреварувачи и истата ја заврши со одлично време од 28:17.
Како што информираат неговите родители ова е прва официјална трка на малиот Јохан на 5 километри. Му посакуваме уште многу животни и спортски успеси на овој мал херој .





