
Филаделфија Иглс се единствениот непоразен тим во досегашниот дел од регуларната сезона на НФЛ.
Во деветтото коло, ,,Орлите” ја оправдаа фаворитската улога и ги поразија Хјустон Тексанс со 17-29.
За Хјустон, одличен натпревар одигра тркачот Дејмион Пирс со 139 јарди, а по еден тачдаун постигнаа Теган Киторијано и Крис Мур.
Квотербекот Дејвис Милс освои скромни 154 јарди со 13/22 прецизни додавања, уфрли за двата тачдауни, но имаше и два пресечени пасови.
Неговиот колега од другата страна, Џејлен Хуртс, фрли два тачдауни и 243 јарди од 21/27 обиди.
Од неговите соиграчи, топката во противничката енд-зона ја внесоа Мајлс Сандерс, Кенет Гејнвел, Далас Годерт и Еј Џеј Браун.
Во Националната конференција, Филаделфија (8-0) е сама на првото место, додека Хјустон (1-1-6) е последен во АФК.