
На вториот овосезонски меѓусебен дуел, Кунлун Ред Старс го надиграа Спартак Москва со 1-3.
Домаќините од руската престолнина поведоа во втората третина со голот на Илја Талалујев непосредно пред втората пауза.
Сепак, во првите десет минути од третиот период, Џејсон Фрам, Тај Шултц и Брендон Јип ја затресоа мрежата на Патрик Рибар за конечна победа на кинескиот состав.
На голот на победничкиот тим стоеше Џереми Смит, кој одигра одличен меч со 48/49 одбрани (97,96%).
Во Западната конференција, Спартак остана на седмото место, а Кунлун скокна на деветтата позиција.
https://www.instagram.com/reel/CkieRaBIpcZ/?igshid=YmMyMTA2M2Y=