Роџер Федерер по подолго време се огласи за неговата повреда и можното враќање на терените. Федерер верува дека има уште што да понуди на тенискиот терен и рече дека сеуште нема да се повлече од „белиот спорт“.
,,Порано одев на скијање, фудбал, сквош, пинг-понг, а потоа пред извесно време помислив и решив да не се повредам. Се откажав од сето тоа и сега читам вести затоа што сакам да бидам во тек со она што се случува. Се слушам често со пријателите и поминувам време со децата. Одам на прошетка со нив ги гледам како растат” – изјави Роџер Федерер.



