Огромниот потенцијал и квалитет пред кој Алесандре Пато беше претставен до крај не го покажа сиот свој раскошен талент. Негогашниот член на Милан, Челзи и бразилски некогашен репрезентативец на 31-годишна возраст повторно ќе се врати на европска сцена.
За неговите услуги се интересира тимот на Аитор Каранка и тимот на Бирмингем кој игра неефикасен фудбал и со Пато сака да си ја подобри својата реализација во нападот.
Освен чемпионшип тимот уште за него се заинтересирани италијанските клубови Џенова, Специја и Монца. Во дресот на ,,Росоњерите” Пато во 150 одиграни натпревари имаше 63 погодоци, а после Милан неговата кариера тргна во надолна линија.



