
Колингвуд Мегпајс стана првиот тим со три победи во новата АФЛ сезона.
Во третото коло, ,,Страчките”, во градското дерби на Мелбурн, ги совладаа Ричмонд Тигерс со (8.15) 63-49 (7.7).
Првото полувреме во целост им припадна на номиналните домаќини, кои го добија со 28-9, но на почетокот на вториот дел, Ричмонд се доближи на негатива од само три поени.
Сепак, ,,Црно-белите” ја завршија третата четвртина со нова серија од 27-2, која беше доволна за нанесување на првиот овосезонски пораз на ,,Тигрите”.
Од поразениот состав, најефикасен поединец беше Џек Риволдт (2.1), а уште девет поени додаде Том Линч (1.3).
На спротивната страна, Џејми Елиот (2.1) беше единствен двоцифрен фудбалер, додека Даниел МекСтеј (1.2) и Еш Џонсон (1.3) имаа по осум, односно по девет поени.
На табелата, Колингвуд изби на првото место, додека Ричмонд остана на шестата позиција.