
Италијанката Лиза Витоци е новата освојувачка на малиот кристален глобус во индивидуал во рамките на Светскиот куп во биатлон.
За Витоци, ова е втора титула во дисциплината, откако претходно беше шампионка во сезоната 2018/19.
На денешната последна трка на петнаесет километри, одржана во Остерсунд (Шведска), Витоци (+25,5) го освои второто место позади својата сонародничка – Доротеа Вирер (41:19,6).
На третата позиција се пласираше Германката Денизе Херман-Вик (+1:38,8), а во првите пет завршија уште Жулија Симон (+1:49,5) и Ема Лундер (+2:11,9).