
После шесте порази во низа, Детроит Ред Вингс се вратија на победничките патеки, славејќи со 4-3 против Чикаго Блекхокс.
Во првата третина, со двата гола на Тејлор Радиш за две минути, Чикаго поведе со 0-2, но во вториот дел, Џејк Волмен и Дилан Ларкин израмнија на 2-2.
На стартот на третиот период, Џои Андерсон им донесе ново водство, а пресвртот за Ред Вингс го комплетираа Лукас Рејмонд и Доминик Кубалик.
Во Источната конференција, Детроит го држи тринаесеттото место, додека Чикаго е последен на Западот.