
Последниот натпреварувачки ден во Хохфилцен, Австрија, во рамките на Светскиот куп во биатлон, беше пополнет со машката штафетна трка и со женската потера.
Во машка конкуренција, најбрза екипа беше Норвешка (1:14:34,8) за која скијаа Стурла Холм Лагреид, Тарјеи Бо, Јоханес Тингнес Бо и Ветле Сјастад Кристијансен.
На втората позиција, славје за Франција (+17,8) донесоа Фабиен Клод, Симон Дестио, Емилиен Жакелан и Квентин Фијо Маје.
Третата селекција, а воедно и последна со заостаток под една минута беше Русија (+47,7), односно Василиј Томшин, Данил Серочвостов, Александер Логинов и Едуард Латипов, додека во продолжение следуваа Германија (+1:00,0) и Шведска (+1:30,2).
Кај дамите, потерата со триумф ја круниса Марте Олсбу Роиселанд (30:04,1), оставајќи ги зад себе на подиумот Хана Сола (+4,1) и Елвира Оберг (+23,3).
Роиселанд имаше само еден промашај на стрелањето, за разлика од трите грешки на Сола, кои ја чинеа освојување на првото место.
Од останатите скијачки, заостаток под една минута имаше Ѕинара Алимбекава (+48,1), а пласманот во првите пет го комплетираше Хана Оберг (+1:11,7).