
На четвртото од вкупните девет натпреварувања од Светскиот куп во нордиска комбинација во женска конкуренција издоминираа норвешките претставнички.
Имено, стопроцентниот учинок со четвртата врзана победа го задржа Гида Вестволд Хансен (13:47,4), која водеше и после двете серии.
Доминацијата на Норвешка ја продолжи Ида Марие Хаген (+49,0) со второто сребро во два дена, а нејзината сонародничка, Марте Линан Лунд (+49,4), го освои првиот подиум во кариерата.
Сите останати скијачки доцнеа повеќе од една минута, а заостаток под 120 секунди имаа уште Ема Волавшек (+1:31,1), Аника Сиф (+1:32,6), Џени Новак (+1:38,7) и Јуна Касаи (+1:39,3).