
На денешната биатлонска програма во Гран-Борнар, Франција, во рамките на Светскиот куп, беа потерите во машка и во женска конкуренција, базирани на резултатите од последните спринтови.
Кај дамите, иако нема беспрекорно стрелање, Елвира Оберг (29:27,0) покажа дека е во најдобра тркачка форма со тоа што ја освои првата индивидуална победа во својата кариера.
На второто место се пласираше Жулија Симон (+4,2), а сестрата на Елвира, Хана Оберг (+11,6), заврши на третата позиција, носејќи двоен пиедестал за Шведска.
Победничката на спринтот, Марте Олсбу Роиселанд (+13,4), заврши како четврта, а Лиза Витоци (+19,6) го комплетираше пласманот во топ пет.
Од друга страна, Квентин Фијо Маје (30:58,3) стана само вториот Французин (заедно со Мартин Фуркад) што победил трка од Светскиот куп на домашен терен.
Зад него, во битката за среброто славеше вчерашниот победник, Едуард Латипов (+16,1), кој беше за дел од секундата побрз од Ветле Сјастад Кристијансен (+16,2).
Освен наведените скијачи, во првите петмина завршија уште Антон Смолски (+32,8) и Јоханес Тингнес Бо (+43,3).



