Актуелните шампиони на Светскиот куп во санкање, Томас Штој и Лоренц Колер, ја вратија формата од минатата сезона, откако запишаа две врзани победи.
На денешното натпреварување во Инсбрук, Австрија, домашните санкачи (1:19,281), дојдоа до јубилејниот десетти триумф, иако беа втори после првата серија.
Имено, победниците си ги заменија местата со првопласираните во генералниот поредок, браќата Андрис и Јурис Шикс (+0,022), додека на третата позиција се најдоа Италијанците Емануел Ридер и Симон Каинцвалднер (+0,171).
Двајцата истоименици, Тобијас Вендл и Тобијас Арлт (+0,227) завршија како четврти, а петтото место го зазеде дуото Јури Томас Гат/Рикардо Мартин Шопф (+0,249).