Третиот овосезонски спуст од Светскиот куп во алпско скијање, одржан во Вал Гардена, Италија, беше проследен со изненадувачки резултати.
Имено, со време од 2:02,42 минути, до првата победа, а воедно и до првиот подиум во кариерата, дојде Американецот Брајс Бенет.
Зад него, Австриецот Отмар Штридингер (+0,14) се искачи на пиедесталот по петти пат во кариерата, односно за првпат после една година, освојувајќи го второто место.
Третопласиран на трката беше Швајцарецот Нилс Хинтерман (+0,32), кој по вторпат заврши во топ 3, но ,,постот” од подиумот му траеше речиси пет години, односно уште од победата во Венген на 13 јануари 2017.
Во продолжение, во првите десетмина се најдоа уште: Доминик Парис (+0,40), Беат Фојц (+0,47), Жоан Клери (+0,48), Матија Касе (+0,61), Симон Јохер (+0,74), Јозеф Ферстл (+0,75) и Макс Франц (+0,79).