Веќе втор викенд по ред, биатлонците и биатлонките од Светскиот куп ги одржуваат воведните овосезонски натпреварувања во Контиолахти, Финска.
Денес, во машка конкуренција, на првата и на третата позиција се пласираа двајцата браќа Тарјеи Бо и Јоханес Тингнес Бо (+29,4), а помеѓу нив се најде актуелниот олимписки шампион во спринт – Арнд Пајфер (+13,9). Од првите шест скијачи, Јоханес Тингнес Бо беше единствен со едно промашено пукање, додека останатите немаа ниту едно. Од друга страна, за Тарјеи Бо, ова беше прва победа во спринт после три години. Позициите од четири до шест им припаднаа на Бенџамин Вегер (+35,9), на Ерленд Бјонтегаард (+44,0) и на Јаков Фак (+45,3).
Слична беше и ситуацијата кај дамите, каде што Хана Оберг триумфираше по вторпат во низа, а нејзината сестра, Елвира Оберг (+27,9) беше трета. Двете Швеѓанки беа раздвоени од Ане Шевалие (+9,6), која беше единствена без промашај од првите седум, заедно со победничката.
Веднаш после трите првопласирани, со заостаток под една минута, се најдоа Марте Роиселанд (+33,8), Денизе Херман (+47,6), Маркета Давидова (+48,1) и Ѕинара Алимбекава (+50,0).