Сензационален резултат на Риека на гостувањето против Реал Сосиедад и реми од 2:2. Шпанците беа огромни фаворити пред натпреварот и влегоа во мечот како првопласирани во Примера шампионатот.
Први го отворија со водство риечани со голот на репрезентативниот стопер на Македонија Дарко Велковски во 38 минута кога со глава успешно стрелаше во противничката мрежа.
Во вториот дел израмна Џон во 69, минута но за кратко бидејќи Риека повторно имаше водство со голот на Лончар, а домаќините стигнаа до бод со голот на Монреал во 79 минута. Велковки беше повлечен од игра во 85 минута кога на негово место влезе Есковал.



