По четирите врзани гостински победи, Јокерит го запиша првиот пораз, откако гостуваше во руската престолнина.
Имено, во првиот меч после паузата за Карјала Купот, ,,Џокерите” беа поразени од Динамо Москва со 3-1.
Уште во втората минута, домаќините стекнаа почетно водство од 1-0, со голот на Ерик О’Дел.
Во вториот период, Томи Кивисто израмни во корист на Јокерит, но десет минути подоцна, Михаил Фисенко ја врати предноста на домаќините.
Третиот дел, наместо со гостинска доминација, помина само со пет шутеви на Јокерит, односно со еден постигнат гол на Динамо преку најдобриот поентер во лигата – Вадим Шипачјов.
И покрај поразот, Финците останаа на врвот на Западната конференција, додека Динамо скокна на четвртото место.