Денес (16. ноември) со почеток од 18.45 часот ракометниот клуб Еурофарм Пелистер против АЕК во Грција ќе го одигра третиот натпревар од групата „Д“ во ЕХФ Европската лига.
Голманот на битолчани Марко Кизиќ се надева дека ќе стигнат до првата победа оваа сезона:
“АЕК е изненадување на сезоната. Ги познававме и претходно, знаевме дека се квалитетен тим, но покажаа одлични резултати во првите две кола. Тоа не смее да нè заплашува, тоа ни дава поголем мотив. Се спремаме, ги анализираме и одиме во Атина на победа. Имаат доста нови играчи. Од тоа што го гледавме, играат брз ракомет, ризикуваат многу и не калкулираат. Сакаат да играат и нивната најголема предност е сплотеноста. Се гледа дека се екипа, но тоа ни дава поголем мотив да докажеме дека сме подобри од нив и да ги победиме.”