Во првиот полуфинален натпревар од тековната АФЛ сезона, Џилонг Кетс ги декласираа Бризбејн Лионс со (18.12) 120-49 (7.7).
,,Мачките” го најавија својот втор пласман во финалето во последните три сезони уште во првата четвртина, кога стекнаа двоцифрена предност и ја задржаа до самиот крај.
Кај гостинскиот состав, единствен со два гола беше Ерик Хипвуд (2.1), а осум поени додаде уште Зек Бејли (1.2).
На спротивната страна, Том Хокинс (4.3) беше најефикасен, а хет-трик постигна Тајсон Стенгл (3.0).
Во големото финале, Џилонг ќе ги одмери силите со победникот од дуелот помеѓу Сиднеј Свонс и Колингвуд Мегпајс.