
За првпат после 2009, Парамата Илс изборија настап во полуфиналето на НРЛ.
Во првиот четвртфинален дуел, ,,Јагулите” ги декласираа Канбера Рејдерс со убедливи 40-4.
На мечот, победниците направија серија од 22-4 во првото, односно од 18-0 во второто полувреме.
Единствените поени за гостинскиот состав ги постигна Ксавиер Севиџ (28′).
На спротивната страна, Митчел Мосес погоди пет конверзии, еден пенал и постигна еден есеј (45′), а топката во противничката енд-зона ја внесоа уште Вил Пенисини (6′), Том Опачич (14′), Вака Блејк (19′), Џуниор Пауло (23′) и Марата Ниукоре (70′, 79′).