
Џексонвил Џагуарс се покажаа како вистинска ноќна мора за Индијанаполис Колтс, откако ги совладаа во Флорида по осми пат во низа.
Од почетокот на 2021, Џексонвил има само четири победи, а дури две од нив беа остварени над денешниот ривал.
Имено, во второто коло од новата НФЛ сезона, ,,Јагуарите” триумфираа над дивизиските ривали од АФК Југ со 24-0.
За победничкиот состав, квотербекот Тревор Лоренс уфрли за два тачдауни и освои 235 јарди од 25/30 превизни додавања.
Неговите два поентерски пасови беа фатени од Кристијан Кирк, а еднаш, со трчање, топката во противничката енд-зона ја внесе Џејмс Робинсон.
Од друга страна, квотербекот на Колтс, Мет Рајан, освои скромни 195 јарди и уфрли дури три пресечени додавања.