
Тампа Беј Рејс ја добија меѓусебната серија против Тексас Ренџерс, победувајќи го третиот меѓусебен натпревар со 5-3.
На мечот, сите поени беа постигнати во три ининзи, односно во вториот, во третиот и во шестиот период.
За Рејс, Кристијан Бетанкур и Хозе Сири (+1) имаа хоум-ран, а по четири бази освоија уште Јанди Диаз и Џонатан Аранда.
На спротивната страна, во листата на поентерите се запишаа Џош Џанг, Кори Сигер и Адолис Гарсија.
Во Американската лига, Тампа Беј (82-64) скокна на четвртото место, а Тексас (63-83) ја држи дванаесеттата позиција.