На мечот помеѓу Грин Беј Пекерс и Џексонвил Џегуарс беа изведени неколку импресивни акции што резултираа со тачдауни.
Најпрво, Грин Беј поведе од 0-3 на 7-3 преку одличното фаќање на Маркез Валдес-Скентлинг, кој постигна тачдаун долг 78 јарди по додавањето од Арон Роџерс. Воедно, ова беше најдолго фаќање за тачдаун на еден играч на Грин Беј уште од легендарниот Џорди Нелсон во втората недела во 2014 (80 јарди) против Њујорк Џетс.
Четири минути подоцна, сензација се случи на спротвната страна: враќачот на Џексонвил, Килан Кол, врати пант за тачдаун од дури 91 јард што претставува најдолго враќање на пант за тачдаун во историјата на Џагуарс.
Арон Роџерс, квотербекот на Пекерс, го постигна својот прв тачдаун со пробивање во тековната сезона, за водство на својот тим од 14-10.
Конечниот резултат на овој меч изнесуваше 24-20 во корист на Грин Беј, кој сега има учинок од 7-2, додека Џексонвил го запиша осмиот пораз, иако ја отвори сезоната со победа над Индијанаполис Колтс во првото коло.
Во соработка со НФЛ Македонија



