Во рамките на 13 коло се одигра дербито, во кое што се судрија првопласираниот и второпласираниот тим на табелата и во фер и коректен натпревар со многу борба и неизвесност искусната Ана Димитровска која што воедно е капитен на ЖФК Каменица Саса со гол во финишот во 85 минута го реши големото дерби против ЖФК Ас Јунајтед од Струга.

Во рамноправен натпревар домашната екипа одигра на искуство и на поединечен квалитет, па им беше доволен само еден гол за да ги освојат трите бода и да го преземат врвот од ЖФК Ас. Сега Саса има 33 бода, додека тимот од Струга има 31 бод.



