Њу Џерси Девилс го запишаа и деветтиот пораз во низа, откако синоќа беа надиграни од Питсбург Пенгуинс со 4-2.
На натпреварот, после 28 минути игра, ,,Пингвините” веќе водеа со капитални 3-0, откако мрежата на Мекензи Блеквуд ја затресоа Џеф Картер, Џеред МекКен и Брајан Раст.
Во продолжение, Џек Хјус и Мајлс Вуд ја вратија резултатската неизвесност намалувајќи го заостатокот на Девилс на 3-2.
Целата ситуација ги примори гостите да се отворат што резултираше со нов гол на Питсбург преку Сиднеј Кросби во последната секунда.
На табелата на Источната дивизија, непосредно по натпреварот, Пенгуинс избија во водство, додека Девилс останаа на седмата позиција без никакви шанси за плејоф.
📸 Joe Sargent/NHLI via Getty Images