Првиот меч од синоќешната НБА програма го одиграа екипите на Њујорк Никс и на Торонто Рапторс.
Накрај, како победници излегоа американските претставници, кои славеа со 120-103.
Имено, после три четвртини игра, натпреварот беше резултатски неизвесен, а во последниот квартал, Никс стекнаа недостижна двоцифрена предност.
Најдобри кошаркари, а воедно и единствени со дабл-дабл, од победничкиот состав беа Џулиус Рендл (31 поен и 10 скокови) и Ар Џеј Берет (25 поени и 12 скокови).
Од противничкиот табор, најефикасни беа Огугуа Ануноби и Фред ВанВлит со по 27, односно Паскал Сиакам со 26 кошеви.
Со осмата победа во низа, Њујорк (34-27) дојде до четвртото место на Истокот, додека Торонто (25-35) ја зазема дванаесеттата позиција.
📸 Nathaniel S. Butler/NBAE via Getty Images



