Екипата на Канзас Сити Ројалс синоќа дојде до третата последователна победа, откако славеше со 1-2 над Детроит Тигерс.
На мечот, сите поени паднаа во петтиот ининг, кој воедно, заедно со третиот, беше единствен со освоени бази.
Единствениот поен на Детроит беше постигнат со хоум-ран од страна на Вили Кастро.
Од друга страна, Ројалс поентираа преку Хорхе Солер и преку Ендру Бенинтенди, кои освоија по четири бази.
Од победничкиот состав, исто така се истакна и фрлачот Брејди Сингер со осум страјк-аути за седум ининзи.
На табелата на Американската лига, Канзас Сити (12-7) дојде до второто место, додека Детроит (7-14) се наоѓа на самото дно.
📸 Gregory Shamus/Getty Images



