
Синоќешната пресметка помеѓу Бафало Сабрес и Детроит Ред Вингс беше нивна трета меѓусебна од последните четири што заврши нерешено после шеесет минути игра.
Имено, Ред Вингс дојдоа до конечен триумф од 2-3, иако резултатот гласеше 2-2 после истекот на третата третина.
Бафало стекна предност од 0-2 со головите на Хенри Јокихарју и на Џеф Скинер заклучно со средината на третиот период.
Само една минута после вториот погодок на домаќините, Владислав Наместников го преполови заостатокот на Детроит и покрај играчкиот дефицит на ледената плоча, а израмнување донесе Дилан Ларкин на седум минути пред крајот.
Во дополнителниот дел, на Ларкин му беа потребни само две минути за да се запише во листата на стрелците по вторпат на натпреварот и да ја однесе победата во Мичиген.
Во Источната конференција, Детроит го зазема деветтото место, додека Бафало ја држи тринаесеттата позиција.