
Кливленд Кавалирс направија големо изненадување, откако синоќа ги совладаа Бруклин Нетс со 114-107.
За Кавалирс (27-18), ова беше петти триумф во низа, кој ги стави на делба на четвртата позиција на Истокот со Милвоки Бакс.
Од друга страна, Бруклин (27-16), влезе во дуелот како единствен второпласиран тим, но сега го дели второто место со Мајами Хит.
Меѓусебниот меч помеѓу Кливленд и Бруклин беше неизвесен во целото негово времетраење, но со константна блага предност на домашниот состав од Охајо.
Кај Кливленд, дабл-дабл учинок имаа Џерет Ален (14 поени и 10 скокови) и Дариус Гарланд (22 поени и 12 асистенции).
На спротивната страна, две двоцифрени статистики имаше Џејмс Харден (22 кошеви и 10 асистенции), а поефикасен од него беше само Кајри Ирвинг со 27 кошеви.