
Вториот овосезонски спринт од Светскиот куп во биатлон во женска конкуренција се одржа во австрискиот Хохфилцен.
На него, Денизе Херман-Вик (20:07,1) дојде до осмата победа во кариерата и воедно до црвената маичка за лидерство во оваа дисциплина.
Германската скијачка беше една од ретките со стопроцентен стрелачки учинок, доволно за првиот триумф по венчавката и по преземањето на суфиксот ,,Вик” во своето презиме.
Втората позиција ја зазеде Маркета Давидова (+18,1), која беше за две секунди побрза од третата Жулија Симон (+20,1).
Швеѓанката Елвира Оберг (+32,4) се пласираше на четвртото место, а Словенката Анамарија Лампич (+35,8) ја круниса транзицијата од крос-кантри во биатлон со петтата позиција.